На 19 февруари, библиотеката „Благој Јанков Мучето“ – Струмица, ги прогласи наградените автори од овогодинешниот литературен конкурс „Карневалската маска во мене“.

Во категоријата – основно училиште, нашата ученичка Теодора Милосављевиќ од 6 одд., за прозна творба, ја освои третата награда.

 

„Со овој конкурс уште еднаш се потврди креативниот дух и талентот на младите и возрасните љубители на пишаниот збор, кои преку своите творби ја доловија магијата на карневалот, традицијата и личната емоција скриена зад маската“ – истакнаа одговорните од библиотеката.