Учениците од централното основно училиште ООУ „Карпош“ – с. Умин Дол, заедно со двајца ученици од подрачното училиште во с. Љубодраг на ден 14.10.2026 г . имаа можност да го посетат Македонскиот народен театар (МНТ) и да ја проследат театарската претстава „Стара планина“.

Ова прекрасно културно доживување им беше овозможено благодарение на здружението „Спона“, а учениците беа придружувани од својата наставничка по предметот Јазик и култура на Србите.

Посетата претставуваше можност за учениците да се запознаат со театарската уметност, да уживаат во претставата и да стекнат нови културни искуства. Ваквите активности придонесуваат за развивање на љубовта кон уметноста, културата и заедничкото дружење.
Искрена благодарност до „Спона“ за укажаната можност и за поддршката на културното и образовното збогатување на нашите ученици!