На 27 март се одржа Детската ликовна колонија „Фрагменти од мојата фантазија“, во организација на Здружението за култура и заштита на животната средина „НАТУРО“ – Куманово. Колонијата беше посветена на Светскиот ден на театарот и се реализираше под мотото „Фрагмент од/или костим за театар“, со цел да се поттикне креативното изразување и да се развие еколошката свест кај младите.

На настанот учество земаа ученичките Сара Миливојевиќ и Михаела Алексиќ, под менторство на Елена Спасовска Радошевиќ, кои со својата креативност и инспирација придонесоа за успешна и инспиративна атмосфера..