Оваа недела славиме повеќе успеси по англиски јазик:

Нашата ученичка Калина Митиќ се закити со втора награда на регионалниот натпревар одржан изминатата сабота во СОУ Гимназија “Гоце Делчев” и си обезбеди пласман на претстојниот државен натпревар. 

Две ученички исто така земаа учество на меѓународниот литературен конкурс во О.У. “Марија Вера” во Камник, Р. Словенија. Од тука, Калина Митиќ со поемата “The Time Flies By” освои втора награда, а Милица Петковска со поемата “The Unwritten Book” доби пофалница за учество. Им честитаме на учениците и на менторот Викторија Стојановиќ Спасовска и им посакуваме уште многу успеси на ова поле.