
Во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово се одржа 21. издание на реномираниот фестивал „Распеано детство“, на кој се претставија многу новосоздадени песнички, со што најмладата публика уживаше во истите.
Нашите ученици заедно со нивните одделенски раководители беа во посета на фестивалот и уживаа во музиката со насмевки на лицата.
