На ден 28.04.2026 година во ,, Занаетчиски дом,, -Куманово се одржа манифестација натпревар во изразно рецитирање ,,СТИХОВИТЕ НАШИ ГИ ТОПЛАТ СРЦАТА ВАШИ,, . Проектот е организиран од Здружение на одделенски наставници ЗОН- Учител. Проектот е наменет за ученици од III до V одделение од основните училишта од општина Куманово. На манифестацијата зедоа учество и нашите ученици. Ученикот Петар Новковиќ III одделение , ментор одделенски настанвик Емилија Станковиќ ПУ с. Љубодраг освои III (трето) место. Ученичката Теодора Петковиќ V одделение, ментор одделенски наставник Елена Трајковска , благодарница за учество.