Во Ново Село, денес, се одржа третото издание на „Есенското Пазарче“, настан кој има за цел промоција на локалното производство и развојот на руралните средини, под покровителство на здружението за рурален развој „Ума сто“.

 Посетителите имаа можност да купат домашен ајвар, туршии, сокови, мармалади, слатка, месни и млечни деликатеси, како и други автентични производи подготвени според традиционални рецепти.

Покрај продажниот дел,вклучени беа и забавни и рекреативни активности, работилница за најмладите со природни материјали и можност за изнајмување велосипеди, хуманитарна акција наменета за обнова на стогодишна камена куќа што здружението „Ума Сто“ планира да ја стави во функција за понатамошен развој на селскиот туризам.

Како и секоја година, така и оваа, нашето училиште учествува активно на оваа манифестација, како во детската работилница исто така и поставувајќи штанд со производи кои беа припремени од нашите ученици.